Ние Сме Еквинокс

За нас

Здружение Извиднички Одред ЕКВИНОКС – Штип е доброволно, неполитичко, воспитно и самостојно здружение на граѓани за деца и млади, предвидено за сите, без разлика на нивната верска, национална, етничка, полова и расна припадност. ИО Еквинокс е младинска организација.

Членови

Волонтери

Проекти и иницијативи

Мисија и Визија

Мисијата на одредот е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.

Цели

ЦЕЛТА на одредот е да придонесува во развојот на младите луѓе, во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.

Сојуз на извидници на Македонија

Сојуз на извидници на Македонија е најстарата, а воедно и најголемата младинска чадор организација во Македонија која обединува 22 извиднички одреди во 17 општини во државата. СИМ е основана организација во 1953 година на чело со првиот старешина на СИМ - Васил Ѓоргов, а за негови заменици биле избрани Божидар Ничота и Нико Този. Додека пак извидништвото на територија на Македонија се појавува во далечните 20-тти години од дваесеттиот век. Македонските извидници во тоа време како дел од извидниците од Царство на СХС учествувале и во почетоците на формирањето на светската извидничка организација - WOSM!

Историја на извидништвото

Извидништво или Извидничко Движење — движење кое има за цел да придонеси за физичкиот, ментален и духовен развој на младите луѓе, со цел тие да имаат конструктивна улога во општеството, притоа развивајќи ги вештините за снаоѓање во природа. Во текот на првата половина на дваесеттиот век, движењето опфатило три главни старосни групи за момчиња (Развигорци, Извидници, Ровери) а во 1910 година била создадена нова организација, Девојки водачи. Извидничкото движење е една од неколкуте светски младинските организации.

Нашиот Тим

Старешина

Дарко Тошиќ

Началник

Бојан Андонов

Член на Старешинство

Благица Постолова

Член на Старешинство

Андреј Томев

Член на Старешинство

Дијана Кузманова

Член на Старешинство

Роберт Ѓошев

Водач на патрола

Мелани Манова

Водач на патрола

Марија Стефановска

Водач на патрола

Александра Данева

Водач на патрола

Миа Митрева