Тринаџионален извиднички камп
Тринаџионален извиднички камп помеѓу Македонија🇲🇰, Франција🇫🇷 и Германија🇩🇪 се одржа и оваа година. Овој пат домакини беа извидниците од Франција, а кампот се одржа во Jambville - Франција🇫🇷, од 6 до 14 Август. Темата на кампот беше Европско државјанство.
Настанот имаше за цел спојување и дружење на извидниците од овие 3 држави и стекнување на нови вештини и знаења преку забавна програма. Извидниците исто така имаа и прилика да прошетаат во Виена🇦🇹, Париз🇨🇵 и Братислава🇸🇰 каде што исто така дружбата беше на ниво. Вкупно 19 извидници од Македонија🇲🇰 учествуваа на кампот, а боите на Еквинокс ги претставуваше нашиот Филип.
До наредни интернационални кампови, со извиднички поздрав ЗДРАВО!