Action Girls! - Девојки во акција!

Во рамки на почетната фаза од проектот, одржавме работна средба со Никола Илиев, советник за локален економски развој и Лазар Соколовски при Општина Штип.
На средбата беа разгледани техничките и административните аспекти на проектот, динамиката на реализација и координацијата со локалната самоуправа. Со задоволство споделуваме дека сите планирани активности се одвиваат согласно утврдениот план и временска рамка.
Оваа средба претставува важен чекор кон успешно спроведување на проектот чија општа цел е зајакнување на капацитетите на младите во Штип за активно учество во процесите на мониторинг, транспарентност и донесување одлуки на локално ниво.
Следуваат интересни и значајни активности, вклучително и обуки за млади и развој на конкретни препораки за унапредување на комуникацијата и транспарентноста помеѓу локалната самоуправа и младите.

Action Girls! - Девојки во акција!

  • Што? Action Girls! - Девојки во акција!
  • Кога? 26 Март, 2026
  • Разгледај нешто повеќе: