Документ со препораки за унапредување на транспарентноста и комуникацијата помеѓу локалната самоуправа и институциите со младите

Во рамки на проектот „Action Girls! – Девојки во акција!“, ИО Еквинокс – Штип го објавува документот со препораки кој произлегува од спроведена онлајн анкета и анализата на ставовите и потребите на младите во Општина Штип.
Документот има за цел да придонесе кон унапредување на транспарентноста на локалната самоуправа, подобрување на комуникацијата со младите и зајакнување на механизмите за нивно активно учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво.
Препораките се базирани на реални податоци и мислења од млади лица, со посебен фокус на младите жени, и ги опфаќаат клучните предизвици, потреби и приоритети на младите во заедницата.
Со овој документ, ИО Еквинокс има за цел да придонесе кон создавање поотворена, потранспарентна и поинклузивна локална средина, во која гласот на младите ќе биде слушнат, препознаен и земен предвид

Прилози:
📄 Документ со препораки за унапредување на транспарентноста и комуникацијата помеѓу локалната самоуправа и институциите со младите (pdf)

Оваа активност е во рамки на суб-грантираниот проект „Action Girls! - Девојки во акција!“, кој се спроведува во рамки на проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, имплементиран од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), а финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Документ со препораки за унапредување на транспарентноста и комуникацијата помеѓу локалната самоуправа и институциите со младите!

  • Што? Документ со препораки за унапредување на транспарентноста и комуникацијата помеѓу локалната самоуправа и институциите со младите
  • Кога? 26 Март, 2026
  • Разгледај нешто повеќе: