Грозделино и „Контролна точка“ - нов живот за храната

Грозделино и „Контролна точка“ - нов живот за храната
Овошјето и зеленчукот заслужуваат втора шанса! Наскоро стартува „Контролна точка“, иницијатива која промовира циркуларна економија и здрава исхрана преку практично и интерактивно искуство.
Со задоволство објавуваме дека склучивме меморандум за соработка со пиљарата Грозделино!
Овошјето и зеленчукот што се пред истек на свежината, наместо да завршат како отпад, ќе добијат втора шанса и ќе се претворат во смути. Така храната добива нова вредност, се намалува биоразградливиот отпад на депониите и се подига свеста за проблемот со фрлањето храна.
Поддржано од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија", финансиран од Европската унија.
#CircularEconomy , #GreenDeal , #YouthForSustainability #ЦиркуларнаЕкономија Проектот „Контролна Точка“ е финансиран од Европската Унија преку проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија“, спроведуван од ПИН People in Need North Macedonia, во партнерство со ARNO , LEAD- Leaders for Education, Activism and Development и Ekovita.

Грозделино и „Контролна точка“ - нов живот за храната

  • Што? Грозделино и „Контролна точка“ - нов живот за храната
  • Кога? 20 Јули, 2026
  • Разгледај нешто повеќе: