Action Girls! - Девојки во акција!

Како твојот глас да стигне таму каде што се носат одлуките?

Во текот на тридневната обука, младите девојки учеа како активно да се вклучат во донесувањето одлуки на локално ниво – преку јавни расправи, граѓански иницијативи, советнички прашања и други механизми за учество.
Преку практична работа и реални примери, ги зајакнавме нивните вештини за мониторинг, следење на институциите и разработка на нови механизми за вклучување на младите девојки во донесување одлуки на локално ниво.
Ова не беше само обука, туку поттик за младите да станат активни чинители на промените во своите заедници.
Оваа активност е во рамки на суб-грантираниот проект „Action Girls! - Девојки во акција!“, кој се спроведува во рамки на проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, имплементиран од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), а финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Прилози:
📄 Документ со препораки за унапредување на транспарентноста и комуникацијата помеѓу локалната самоуправа и институциите со младите (pdf)

Како твојот глас да стигне таму каде што се носат одлуките?!

  • Што? Како твојот глас да стигне таму каде што се носат одлуките?
  • Кога? 26 Март, 2026
  • Разгледај нешто повеќе: