Младите бараат поголема вклученост, транспарентност и директна комуникација со институциите
Во рамки на проектните активности беше спроведена онлајн анкета и повеќе дискусии со млади лица, со цел да се идентификуваат предизвиците и потребите поврзани со младинското учество на локално ниво.
Податоците добиени од анкетата покажуваат дека младите имаат интерес активно да се вклучат во локалните процеси и иницијативи, но истовремено се соочуваат со ограничена информираност, недоволна комуникација со институциите и недостиг од достапни механизми за учество во донесување одлуки.
Анализата ги издвојува следните клучни наоди:
• Голем дел од младите сметаат дека не се доволно информирани за работата, активностите и одлуките на локалната самоуправа и институциите;
• Младите ретко имаат можност директно да учествуваат во консултации и процеси на донесување одлуки;
• Постоечките механизми за комуникација помеѓу институциите и младите не се доволно видливи и достапни;
• Социјалните мрежи и дигиталните платформи се најчест извор на информации кај младите;
• Постои потреба од поголема транспарентност и поедноставен пристап до информации од јавен интерес;
• Дел од младите не се доволно запознаени со механизмите преку кои можат да поднесат иницијативи, предлози и барања до институциите;
• Младите покажуваат интерес за активно учество во локални иницијативи и процеси доколку им се обезбедат соодветни услови и поддршка;
• Потребна е почеста директна комуникација помеѓу младите, локалната самоуправа и институциите преку јавни форуми, консултативни средби и настани.
Резултатите од анализата ќе послужат како основа за подготовка на препораки и идни активности насочени кон подобрување на младинското учество, транспарентноста и комуникацијата на локално ниво.
Оваа активност е во рамки на суб-грантираниот проект „Action Girls! - Девојки во акција!“, кој се спроведува во рамки на проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, имплементиран од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), а финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.