Препораки за унапредување на транспарентноста и младинското учество
Врз основа на спроведената онлајн анкета, анализата на добиените податоци и идентификуваните потреби на младите во Општина Штип, беа развиени 7 клучни препораки насочени кон подобрување на транспарентноста, комуникацијата и вклучувањето на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво.
Препораките се фокусираат на создавање поотворена и подостапна локална средина, во која младите ќе имаат поголеми можности за информирање, учество и влијание врз одлуките што директно ги засегаат.
Главните препораки опфаќаат:
воспоставување редовни механизми за младинска консултација преку средби, форуми и отворени денови;
развој на дигитална платформа за транспарентност и младинско учество;
унапредување на комуникацијата преку социјалните мрежи со појасни и интерактивни содржини;
зголемување на транспарентноста на локалните институции преку разбирливо објавување на информации;
зајакнување на младинското учество во работни тела, совети и процеси на одлучување;
развој на младински програми, простори и можности за личен и професионален развој;
воспоставување механизми за поддршка на младински иницијативи и повратна информација.
Овие препораки се насочени кон унапредување на локалните младински политики и создавање систем во кој гласот на младите е слушнат, препознаен и вклучен во процесите на носење одлуки.
.
.
.
Оваа активност е во рамки на суб-грантираниот проект „Action Girls! - Девојки во акција!“, кој се спроведува во рамки на проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, имплементиран од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), а финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.