Првиот чекор е направен: „Контролна точка“ добива поддршка од Сојузот на извидници на Македонија

Првиот чекор е направен: „Контролна точка“ добива поддршка од Сојузот на извидници на Македонија
Наскоро ќе ви ја претставиме „Контролна точка“ – иновативна, мобилна и интерактивна платформа за промоција на циркуларна економија, одржливи практики и здрави животни навики.
Првиот чекор е веќе направен: склучивме меморандум за соработка со Сојуз на извидници на Македонија! Извидниците веќе тестираа една ваква идеја во рамки на иницијативата „Earth Tribe“ и покажаа дека е функционална, атрактивна и едукативно ефикасна за најмладите. Сега нивното искуство и знаење од слични едукативни иницијативи ќе ни бидат советодавна поддршка низ целата реализација на проектот.
Поддржано од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија", финансиран од Европската унија.
#CircularEconomy , #GreenDeal , #YouthForSustainability #ЦиркуларнаЕкономија Проектот „Контролна Точка“ е финансиран од Европската Унија преку проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија“, спроведуван од ПИН People in Need North Macedonia, во партнерство со ARNO , LEAD- Leaders for Education, Activism and Development и Ekovita.

Првиот чекор е направен: „Контролна точка“ добива поддршка од Сојузот на извидници на Македонија

  • Што? Првиот чекор е направен: „Контролна точка“ добива поддршка од Сојузот на извидници на Македонија
  • Кога? 04 Јуни, 2026
  • Разгледај нешто повеќе: